Villa Maria Pashalidou
📍Грција, Атос, Неа Рода





Gallery
Вила “Maria Pashalidou” – Неа Рода
Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на центарот, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак – Атос. Располага со трокреветни апартмани на првиот и вториот кат, како и петкреветен апартман на првиот кат.
Секој апартман има спална соба, купатило, тераса со директен поглед кон морето, како и издвоена кујна опремена со мини електрично решо и фрижидер со комора за замрзнување. Во апартманите има телевизор и клима-уред, чија употреба е вклучена во цената. Не е дозволено климата да биде вклучена кога гостите не се во апартманот; во спротивно, сопственикот има право да ја исклучи.
Сите сместувачки капацитети располагаат со постелнина и крпи, кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Целата вила има затоплување на водата преку сончеви колектори и пристап до безжичен интернет. Агенцијата како организатор не може да влијае на капацитетот и периодите на топла вода, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Живописното приморско место Неа Рода е одличен избор за сите кои сакаат мирен одмор, подалеку од гужвите, и сакаат да откријат нови природни убавини. Местото има исклучително чисто море, долга песочна плажа со Плаво знаме, тесни поплочени улички со традиционални камени куќи, како и неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта и аптека.
НАПОМЕНИ
-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз.
-Туристичката агенција има право да ги продаде останатите капацитети во Last Minute понуда.Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
-Доколку патникот го откаже аранжманот во EARLY BOOKING цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување.
-Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
-Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
-Сместувањето е првиот ден после 14:00h по локално време, а собите се напуштаат следниот ден во 08:00h по локално време.
-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс 62 денари. АК