Villa Lena
📍Грција, Атос, Неа Рода





Gallery
Вила “Lena” – Неа Рода
Вилата „Lena“ се наоѓа на околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, на третиот крак – Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани лоцирани на приземје.
Секој сместувачки капацитет е опремен со мебел, мини-кујна, телевизор и клима-уред чија употреба е вклучена во цената. Не е дозволено климата да остане вклучена кога гостите не се присутни во апартманот; сопственикот има право да ја исклучи.
Сите студија и апартмани имаат сопствено купатило, како и пространи тераси. Обезбедени се постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е преку сончеви колектори, а објектот е покриен со безжичен интернет. Агенцијата како организатор не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода, ниту да гарантира за квалитетот на интернет конекцијата.
Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила, што ја прави локацијата уште попрактична за гостите.
НАПОМЕНИ
-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз.
-Туристичката агенција има право да ги продаде останатите капацитети во Last Minute понуда.Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
-Доколку патникот го откаже аранжманот во EARLY BOOKING цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување.
-Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
-Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
-Сместувањето е првиот ден после 14:00h по локално време, а собите се напуштаат следниот ден во 08:00h по локално време.
-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс 62 денари. АК