Villa Alithea

📍Грција, Атос, Јерисос

Villa Alithea
Villa Alithea
Villa Alithea
Villa Alithea
Villa Alithea
Повеќе

Gallery

ЛЕТО 2026 Јерисос

вила Алитеа

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулијани.

Вила Алитеа се наоѓа во Јерисос лоцирана на самата плажа. Вилата располага со нов четворокреветен модерно опремен апартман на втор спрат. Дневен престој со аголна гарнитура која не се пушта, трпезарија, комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со брачен кревет и еден единечен кревет. Две клими и wifi (вклучени во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, голем балкон со директен поглед на море и паркинг.Чистење на апартманот,менување на постелнина и пешкири е секоја среда.Максимум може да се сместат 4 лица.


BLACK FRIDAY 15% ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

BLACK FRIDAY ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот 26.11.2025 – 10.12.2025

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот - локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате МАГ