Vila Themis

📍Грција, Евија, Лутра Едипсос

Vila Themis
Vila Themis
Vila Themis
Vila Themis
Vila Themis
Повеќе

Gallery

Вила Темис / Хотел Темис – Едипсос, остров Евија, Грција

Опис:
Вила Темис или Хотел Темис има одлична локација во градот Едипсос — на само 150 м од плажа и на 5 минути пешачење до познатите термални извори. Располага со 18 реновирани соби (16 двокреветни и 2 трокреветни), сите со кујна, и 2 двокреветни соби (ЕКО) без кујна со поглед кон градина. Кујните се комплетно опремени и содржат чинии, чаши, тенџере, ѓезве за кафе, шолји, прибор за јадење, лагер, отварач, сад за салата итн.
Локација/Координати: 38.8566333, 23.0439949

Програма

1. Ден:
Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот. Поаѓање кон Едипсос во 23:00 часот. Кај Глифа се качуваме на траект, а по околу 30 минути пристигнуваме на островот Евија, во местото Агиос Кампос, на 17 км од Едипсос. Пристигнување и сместување во Едипсос.

2 / 3 / 4 / 5 / 6 / 7 Ден:
Одмор и рекреација — уживање во прекрасниот Едипсос и островот Евија. Можност за посета на некој од факултативните излети:

  • Посета на Атина
  • Посета на островот Скијатос
  • Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја
    (Погледнете ги програмите тука)

8. Ден:
Напуштање на собите во 08:00 часот и поаѓање за Скопје.

ПОПУСТИ И АКЦИИ

BLACK FRIDAY -30%

  • 30% за резервации со комплетни уплати до 30.11.2025
  • 20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2025
  • 10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2026

Напомена:
Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62 мкд.
Цените се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје
  • Сместување во студио 7 ноќи
  • Траект повратна карта Глифа – Агиос Кампос – Глифа
  • Туристички придружник за време на патувањето и претставник од агенцијата за време на престојот

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци итн.
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

  • Во соба е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време).
  • Хигиената во објектот за време на престојот ја одржуваат самите гости.
  • Агенцијата Explora го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитети да ги објави и продаде по Last Minute цени, при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест за разликата во цена.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија и служат за да дадат генерален впечаток на објектот.
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на интернет и квалитетот на поврзување зависат од давателот на услугата и техничките услови во регионот.
  • Сопствениците го задржуваат правото при евентуална штета да извршат наплата од гостите кои престојуваат.
  • Превоз од: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Секој патник има право на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Early Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
  • За овој аранжман важат Општите услови на патување и Правните напомени на Explora.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • За уплата на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин.
  • Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 години.
    Деца до 2 години – бесплатно (без седиште) W