Вила Shark
📍Грција, Тасос, Скала Потамија





Gallery
Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг. На оддалеченост од 400 км и 30 минути возење со траект се пристигнува на островот Тасос. Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето. Изобилува со борова шума и мирис на медовина, природни сенки и планински возвишенија. Ипсарион со 1204 м надморска височина е планината што гордо стои извишена над плажата Скала Потамија и Голден бич. Во должина од 3 км се простира плажата на Скала Потамија и Голден Бич споени во една плажа, означени со плаво знаменце за чистота и квалитет. Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот отсјај, плажата асоцира на злато.
Вила „Shark“ лоцирана во Скала Потамија на оддалеченост околу 30 метри од плажата Голден бич. Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот. На само неколку метри од вилата има супермаркети, ресторани, таверни.
СМЕСТУВАЊЕ
СТУДИОТО И АПАРТМАНОТ ИМААТ КРПИ, ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН
ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА
СТУДИО БР.1 (1/2)
Студиото се наоѓа на приземје. Има еден дупли кревет, клима уред, кујната која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење, мал фрижидер, решо со две рингли, аспиратор. Овде има плакар за алишта и клима уред. Од кујната се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило. Студиото располага со стандардно купатило и WC.
АПАРТМАН БР.2 (1/2 + 1/2)
Апартманот се наоѓа на приземје и располага со две простории. Во првата просторија е кујната, која е основно опремена со кујнски инвентар за лесни оброци без пржење, голем фрижидер, електричен шпорет со фурна, аспиратор, чајник и има кревет на спуштање наменет за спиење на 1 возрасен+1 дете. Втората просторија е спалната соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, ТВ, плакар за алишта и клима уред .Од апартманот се излегува на сопствен двор декоративно среден со маса и столици и полн со зеленило. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.
НАПОМЕНИ
Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувањата средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства)само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
ПРЕВОЗ
Доплата за превоз:
- 65 € за возрасни – повратна карта
- 50 € за деца до 12 години – повратна карта
- 50 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште
Доплата за бродска карта:
- 20 € за возрасни – повратна карта
- 15 € за дете од 2 до 12 години – повратна карта
МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ
Деновите дадени подолу се денови на поаѓање од следните градови: - Тргнување од Битола – спортска сала во 00:15 часот наутро
- Тргнување од Куманово – бензинска пумпа Макпетрол во 00:15 часот наутро
- Тргнување од Кочани – основен суд во 00:15 часот наутро
- Тргнување од Скопје – спортска сала „Борис Трајковски“ во 01:00 часот наутро
- Тргнување од Штип – нова пошта во 01:00 часот наутро
- Тргнување од Прилеп – бензинска пумпа Лукоил во 01:00 часот наутро
- Тргнување од Велес – мотел Македонија, бензинска пумпа Мак.Оил во 01:45 часот наутро
- Тргнување од Неготино – бензинска пумпа Макпетрол во 02:15 часот наутро
- Тргнување од Гевгелија – бензинска пумпа Окта-Шимов во 03:00 часот наутро
Доплата за трансфер: 25 € по лице – од Прилеп и Битола.
- Ви посакуваме убав одмор и пријатно патување!
Посетете го следниот линк и откријте ги сите наши актуелни понуди и дестинации за лето 2026! АC
https://www.explora.mk/destinacii/grcija