Вила Savas Тасос

📍Грција, Тасос, Скала Потамија

Вила Savas Тасос
Вила Savas Тасос
Вила Savas Тасос
Вила Savas Тасос
Вила Savas Тасос
Повеќе

Gallery

Сместување
Вила Savva's се наоѓа на 250 м од плажа и на 150 м од маркет.Вилата има заеднички простор / двор со голема маса и опремен простор за скара.

Собите кои ги имаме на располагање се на приземје. Двокреветните соби се со 2 посебни кревети кои можат да бидат доближени или разделени зависно од потребите. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете двокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.Трокреветните соби се со еден брачен и еден единечен кревет. Секоја соба има сопствено купатило, ТВ, мини фрижидер и клима уред (со доплата). Двете трокреветни соби имаат заеднички влез во кој се наоѓа кујна и истата е заедничка за тие две соби.
Локација на вилата: https://maps.app.goo.gl/UJdaugfcNnwiZGJQ6

Цената е по соба за 7 ноќевањаКористење на клима уред е со доплата 7 еур на ден

Цената вклучува

7 ноќевања на база Room Only (наем на соба)

Користење на Wi-Fi

Собите имаат мини кујна

Студијата се добиваат исчистени и со променета постелнина, а за хигиената на собата во текот на престојот се грижат самите гости.

Сместувањето во собите е после 14 часот локално време, напуштањето последниот ден е до 10 часот наутро.

Гостите се должни првиот ден при влегување во собата да пријават било каков недостаток или оштета која ја забележале.

Доколку настане некаква штета во текот на престојот, гостите ќе мора да ја платат истата при напуштање на собата.

Цената не вклучува

Туристичка такса од 2€ по соба на ноќ, истата се плаќа директно во објектот.

Превоз

Патничко осигурување

Доплата за користење на клима уред се плаќа на лице место 7 еур на ден.

Напомени

Бројот на соби кои може да се резервираат со Early Booking попуст е ограничен!

Агенцијата го задржува правото на промена или прекинување на Early Booking попустите пред наведените датуми на истекување.

Резервациите направени со Early Booking попуст не може да се комбинираат со ниту еден друг попуст!

Доколку уплатата не се изврши во предвидениот термин, резервацијата ќе биде префактурирана по редовна или ревидирана цена во моментот на наплатата.

За уплатени два аранжмани 7+7 ноќи добивате 7% попуст на терминот со пониска цена со Early Booking попуст или било кој друг тип на попуст.

Доплата за превоз (за возрасни) Македонија- Тасос -Македонија :

Скопје 65€

Велес 65 €

Неготино 65€

Граничен премин 65€

Штип 85€

Струмица 70€

Битола 90€

Прилеп 90€

Важно: Деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 € од редовната цена. Деца до 1,99 години бесплатно.

Важно: Задолжителна доплата за траект - 20 евра за возрасен / 15 евра за дете 2-12 години. AS