Вила Savas

📍Грција, Остров Крф

Вила Savas
Вила Savas
Вила Savas
Вила Savas
Вила Savas
Повеќе

Gallery

BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ

на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2 АПАРТМАН И ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО 1/4 АПАРТМАН

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE, DINERS или СТОПАНСКА БАНКА КАРТИЧКА


Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2025-та е годината во која сме 11 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. Нашата авантура продолжува. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг.

Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од нај идеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а во непосредна близина е еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки, Malibu Beach.

Вила Савас се наоѓа во Дасиа,на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и добро познатиот Summer Beach Malibu.

Соба бр.9- Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.

Соба бр. 11 - Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10. 

Аппбр. 12 - Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.

Собабр.13- Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).

Соба бр. 14 - Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.

Апп бр. 15 - Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.

Соба бр.16 - Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.

Соба бр. 17 - Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања 8 дена сместување
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на целиот престој

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-туристичка такса 2евра од ден ( се плаќа во агенција)
-клима уред 35-40евра за 7 ноќи
-патничко и здравствено осигурување

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба.
Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
Трето и четврто лице 30 % попуст
За сингл соба се доплаќа 50% од редовната цена за вториот кревет
Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините во табелата

НАПОМЕНИ:

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

За отказ на аранжман порано од 30 дена пред тргнување или промена на теремин се задржуваат манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест. СТ