Вила Pascalia - Псакудија

📍Грција, Ситонија, Псакудија

Вила Pascalia - Псакудија
Вила Pascalia - Псакудија
Вила Pascalia - Псакудија
Вила Pascalia - Псакудија
Вила Pascalia - Псакудија
Повеќе

Gallery

ПСАКУДИЈА е вистински медитерански бисер со долга песочна плажа,кристално чисто море и опуштена атмосфера идеална за семејства и парови. Опкружена со борови шуми и маслинови насади, ова мало приморско место нуди совршен баланс меѓу природен мир и уживања во таверни со традиционална грчка кујна, кафулиња на плажа, маркети и прошетки засенчени од борова шума по средените плажи.

Вила „ПАСКАЛИА“ со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети. Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море. Вилата располага со трокреветно студио и четворокреветен апартман. Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.

Координати на вила „Паскалиа“.

100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА

ЦЕНИ И ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Цените означени со ѕвездичка (*) во табелата се пакет аранжмани
— Дадени се по лице за 7 ноќи со вклучен автобускки превоз.

Останатите цени за дадените смени
— Се однесуваат на наем на апартман за 7 ноќи.

Во цената е вклучено:

Користење паркинг

Клима уред

WiFi
(сето ова е бесплатно)

ИНФО ЗА СМЕСТУВАЊЕ
Студио бр. 1 – 1/3 (3 лица)

Локација: втор кат

Состав:

Една просторија со 1 брачен + 1 поединечен кревет

ТВ, клима, отворен плакар

Комплетно опремена кујна (инвентар, 2 рингли, аспиратор, фрижидер)

Тераса со маса и столици и поглед на море

Има крпи, сапун и тоалетна хартија

Апартман бр. 6 – 1/2 + 1/1 + 1 (4 лица)

Локација: прв кат

Состав:
Прва просторија:

Кујна со инвентар, 2 рингли, аспиратор, фрижидер

ТВ, клима

1 поединечен кревет + 1 помошен кревет (за дете до 12 г.)

Втора просторија:

1 брачен кревет

Плакар, ТВ

Тераса со маса, столици и тенда

Прекрасен поглед на море

Стандардно купатило и вц

Има крпи, сапун и тоалетна хартија

НАПОМЕНИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАНИ

За пакет аранжман во студио или апартман–мезонета се потребни минимум 2 лица.

Трето, четврто, петто, шесто лице се сместуваат бесплатно, плаќаат само превоз:

50 € за возрасен (повратна)

35 € за дете од 2–12 години (повратна)

Дете до 2 години: бесплатно, не користи седиште во автобус.

За патување со сопствен превоз се одбива 10 € по лице.

ОПШТИ УСЛОВИ

Патниците треба мин. 48 часа пред поаѓање да се информираат за термин и место.

Превозот застанува на најблиската можно пристапна локација до сместувањето.

Плаќањето е во денари (1 € = 62 ден).

Акциски попусти не важат за смените означени со *.

Резервацијата важи само со уплата од 30% од вкупната сума.

Остатокот се доплаќа 21 ден пред поаѓање.

При отказ на аранжман со попуст средствата не се враќаат, освен ако патникот сам најде замена.

Ако има промена на ценовникот, не се менува цената за веќе договорени услуги.

При отказ на патникот важат Општи услови за патување.

Можно е да се направи осигурување од отказ.

За поголема штета во сместувањето сопственикот има право на наплата.

Агенцијата не одговара за квалитетот на интернет конекцијата.

Туристичка такса: 2 € по ноќ (може да се промени ако го променат грчките власти).

ПРЕВОЗ – ДОПЛАТИ

50 € — возрасни, повратна карта

35 € — деца до 12 години, повратна карта

35 € — возрасни или деца, карта во еден правец

10 € — избор на седиште (освен прв ред)

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД:

Куманово

Бензинска пумпа Макпетрол – 00:15 часот наутро

Скопје

Спортска сала „Борис Трајковски“ – 01:00 часот наутро

Велес

Мотел Македонија, бензинска пумпа Мак.Оил – 01:45 часот наутро

Кочани

Основен суд – 00:15 часот наутро

Штип

Нова Пошта – 01:00 часот наутро

Неготино

Бензинска пумпа Макпетрол – 02:15 часот наутро

Гевгелија

Бензинска пумпа Окта–Шимов – 03:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ (ПРИЛЕП И БИТОЛА):

Прилеп

Бензинска пумпа Лукоил – 01:00 часот наутро

Битола

Спортска сала – 00:15 часот наутро

ID031

Ви посакуваме убав одмор и пријатно патување! AC