Вила Pascalia - Геракини
📍Грција, Ситонија, Геракини





Gallery
100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
ГЕРАКИНИ е прекрасно крајбрежно местенце на Ситонија – Халкидики. Познато е по долгата песочна плажа, чистото тиркизно море и опуштена атмосфера. Идеално е за семејства и парови и сите што сакаат тивок одмор, блиску до таверни и удобни апартмани .Со лесен пристап, убаво уредена плажа и топло гостопримство.
Вила „ПАСКАЛИА“ – Геракини со поглед на море ви дарува летување што ќе се памети. Утринско кафе со поглед на море и вечери со совршен залез на сонцето и мирис на море. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Пред вилата има паркинг на принцип прво слободно место, достапен за гостите.
Координати на вилата „Паскалиа“.
ИНФОРМАЦИИ ЗА СМЕСТУВАЊЕТО:
Студијата и апартманите имаат крпи, сапун и тоалетна хартија.
Студио бр. 7 (1/3 – 3 лица)
- Локација: први кат
- Опремено со една просторија:
- Еден двокревет и еден поединечен кревет
- Плакар за алишта, ТВ, клима
- Кујна: комплетно опремена (кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер)
- Тераса: маса со столици, поглед на море во далечина
Студио бр. 6 (1/4 – 4 лица)
- Локација: први кат
- Опремено со една просторија:
- Еден двокревет и два поединечни кревети
- Плакар за алишта, ТВ, клима
- Кујна: комплетно опремена (кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер)
- Тераса: маса со столици, поглед на море во далечина
НАПОМЕНИ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН - За пакет аранжман во студио потребни се минимум 2 лица.
- Трето, четврто, петто и шесто лице се сместуваат бесплатно, плаќаат само превоз:
- Возрасен: 50 €
- Дете (2–12 години): 35 €
- Дете до 2 години: бесплатно (не користи седиште во автобус)
- Патници кои користат сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице.
- Патниците минимум 48 часа пред патување треба да се информираат за часот и местото на поаѓање.
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е можно да се застане.
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 € = 62 ден.).
- Кога има акциски попуст, не важи за смените со ѕвездичка.
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот.
- Целосната доплата на аранжманот се врши 21 ден пред поаѓање.
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, средствата не се враќаат; исклучок е само доколку патникот сам најде замена за веќе резервираната соба.
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник, цената на веќе договорените услуги не се менува.
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат општите услови на патување.
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман преку осигурителна компанија.
- Во случај на направена поголема штета во апартманите и дуплексите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место или агенцијата да побара наплата по враќањето.
- Агенцијата нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
- Туристичка такса се плаќа во агенција: 2 € од ноќ за студијата и апартманите. Доколку се промени туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде коригирана.
ПРЕВОЗ
Доплата за превоз:
- 50 € за возрасни – повратна карта
- 35 € за деца до 12 години – повратна карта
- 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
- 10 € за избор на седиште во превозно средство (освен прв ред)
- 20 € за прв ред на седиште
Денови на поаѓање и места:
- Куманово – Бензинска пумпа Макпетрол, 00:15 часот наутро
- Скопје – Спортска сала Борис Трајковски, 01:00 часот наутро
- Велес – Мотел Македонија, бензинска пумпа Мак.Оил, 01:45 часот наутро
- Кочани – Основен суд, 00:15 часот наутро
- Штип – Нова Пошта, 01:00 часот наутро
- Неготино – Бензинска пумпа Макпетрол, 02:15 часот наутро
- Гевгелија – Бензинска пумпа Окта-Шимов, 03:00 часот наутро
Доплата за трансфер – 25 € по лице (од Прилеп и Битола):
- Прилеп – Бензинска пумпа Лукоил, 01:00 часот наутро
- Битола – Спортска сала, 00:15 часот наутро AC