Вила Mary
📍Грција, Пиериа, Неи Пори





Gallery
Вилата „Mary“ се наоѓа во неи пори на 200 метри од плажа. Располага со трокрветни и четворокреветни студија и петкреветни и шестокреветни апартмани. Сите опремени со кујни, купатило со WC, ТВ, клима уред, балкони со маса и столици. Сите соби имаат тв и клима уред која се доплаќа 6€ од ноќ.
Неи Пори е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија. На оддалеченост 160 км. од границата Пресвета Богородица-Гевгелија, ова туристичко место е релативно блиску а сепак нуди нешто повеќе за туристите. Широките плажи со ситен песок, булеварите и пространите улици, уредените паркови, цркви, многубројните таверни, долгото шеталиште ,модерните вили и хотели го карактеризираат Неи Пори за дестинација на која се навраќате повторно и повторно. Медитеранската клима затскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини. Многу кафетерии, слаткарници, гиро ресторани, ресторани со тематски содржини, детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.
Координати на вилата „Mary“.
СМЕСТУВАЊЕ
СТУДИЈАТА И АПАРТМАНИТЕ НЕМААТ КРПИ, ИМААТ САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА
КЛИМА СЕ ДОПЛАЌА 6 €, WI-FI Е БЕСПЛАТНО,
ПАРКИНГ СЛОБОДЕН НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО
АПАРТМАН БР. 301 (1/3 +1 +1/2) 6 лица
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден брачен кревет еден поединечен кревет и кревет на спуштање, клима уред, ТВ + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електричен шпорет, голем фрижидер. Во другата спална соба има брачен кревет, плакар за алишта. Се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 302 (1/4) 4 лица
Студиото располага со еден брачен и два поединечни кревети. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има решо со две рингли, аспиратор и фрижидер голем. Излегува на комотна тераса со маса и столици .Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
АПАРТМАН БР. 303 (1/3)+(1/3) 6 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар .Во едната спална соба има брачен кревет и поединечен кревет плакар за алишта, ТВ, клима и излегува на тераса со маса и столици. Втората спална соба има еден брачен кревет и еден поединечен кревет ,плакар за алишта и излегува на истата тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
АПАРТМАН БР. 304 (1/3)+(1/2) 5 ЛИЦА
Апартманот располага со две спални соби меѓусебно одвоени со врата. Во едната спална соба има еден брачен кревет еден поединечен кревет клима уред, ТВ + кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, електрично решо, голем фрижидер. Во другата спална соба има брачен кревет, плакар за алишта. И од едната и од другата спална соба се излегува на тераса со маса и столици. Апартманот има стандардно купатило и WC.
СТУДИО БР. 305 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден брачен кревет ,еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
СТУДИО БР. 306 (1/3) 3 лица
Студиото располага со еден брачен кревет, еден поединечен кревет. Во склопот на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар. Има електрично решо, аспиратор и голем фрижидер. Излегува на комотна тераса со маса и столици. Студиото има клима уред, ТВ и стандардно купатило со WC.
НАПОМЕНИ
- За пакет аранжманот во СТУДИО или АПАРТМАН-МЕЗОНЕТА потребни се минимум 2 лица;
- Трето, четврто, петто ,шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз
- Доколку користат 50€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
- Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) не користи седиште во автобус;
- Да патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице.
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
- Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со sвездичка;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
- Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
- Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ и ДУПЛЕКСИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).
ПРЕВОЗ
ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:
- 50 € за возрасни – повратна карта
- 35€ за деца до 12 години – повратна карта;
- 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
- 10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
- 20 € за прв ред на седиште
Поаѓањата се организирани од следните градови: - Куманово – бензинска пумпа Макпетрол во 00:15 часот наутро
- Кочани – пред Основен суд во 00:15 часот наутро
- Битола – спортска сала во 00:15 часот наутро
- Скопје – спортска сала „Борис Трајковски“ во 01:00 часот наутро
- Штип – Нова пошта во 01:00 часот наутро
- Прилеп – бензинска пумпа Лукоил во 01:00 часот наутро
- Велес – мотел Македонија, бензинска пумпа Мак.Оил во 01:45 часот наутро
- Неготино – бензинска пумпа Макпетрол во 02:15 часот наутро
- Гевгелија – бензинска пумпа Окта-Шимов во 03:00 часот наутро
Доплата за трансфер – 25 € по лице за Прилеп и Битола.
- Ви посакуваме убав одмор и пријатно патување!
Посетете го следниот линк и откријте ги сите наши актуелни понуди и дестинации за лето 2026! АC
https://www.explora.mk/destinacii/grcija