Вила Lanthi

📍Грција, Ситонија, Сикија

Вила Lanthi
Вила Lanthi
Вила Lanthi
Вила Lanthi
Вила Lanthi
Повеќе

Gallery

ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО/ АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИBLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025

Vila Lanti – Sykia, Halkidiki, Greece

Опис
Вилата Lanti (Ianthi Apartments) е модерен семеен објект сместен во едно од најживописните места на вториот крак – Сикија, на само 150 метри од плажата Sykia Beach. Совршен избор за мирен семеен или паровски одмор, со уредени и пространи апартмани кои нудат удобност, чистота и прекрасен поглед кон морето или планината.

Локација
Објектот се наоѓа во Сикија, во регионот Ситонија, на околу 150 метри од познатата песочна плажа Sykia Beach и 2 км од Tourkolimnionas Beach. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, маркети и кафулиња. Валти плажа е на само 2,2 км, додека аеродромот во Солун е оддалечен околу 134 км.

Сместување и содржини
Вилата располага со удобни студија и апартмани со керамички подови и модерен ентериер. Секое студио/апартман е опремено со:

  • клима-уред
  • телевизор со рамен екран
  • приватен тоалет со туш и бесплатни тоалетни производи
  • комплетно опремена кујна со фрижидер
  • балкон или тераса (дел со поглед кон море, дел со планински поглед)
  • постелнина и пешкири

Сместувањето располага и со семејни апартмани погодни за 3–4 лица, идеални за гости кои сакаат приватност и комфор.

Двор и удобности
Во рамките на вилата има сончева тераса со лежалки, двор со зеленило, како и бесплатен приватен паркинг. Објектот нуди и услуга за изнајмување возила, а на гостите им е достапен и Wi-Fi интернет низ целиот објект.

Услуга и хигиена
Собите се чисти, модерно уредени и се одржуваат со големо внимание. Постелнината и пешкирите се редовно менуваат, а персоналот е познат по љубезноста и семејниот пристап кон гостите.

Предности

  • Одлична локација – на 150 м од Sykia Beach
  • Пространи и модерни апартмани
  • Потполно опремена кујна во секој апартман
  • Бесплатен Wi-Fi и паркинг
  • Сончева тераса и пријатен двор
  • Идеално за семеен или паровски одмор

Одалеченост од најубавите плажи на Ситонија:

  • 2,2 км од Турколимнионас
  • 1,3 км од Линараки
  • 850 м од Пигадаки
  • 3,9 км од Климатарија
  • 6,8 км од Криарици
  • 5,1 км од Тиганија
  • 2,7 км од Валти
  • 1,4 км од Гриавас
  • 4,1 км од Агридиа
  • 5,3 км од Платанија

ЦЕНИ И УСЛУГИ

  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1 € = 62 мкд
  • Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во студио за 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз до избраниот објект во Грција
  • Задолжително патничко осигурување
  • Користење на клима-уред 5 € на ден (доплата кај сопственикот)
  • Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци
  • Туристичка такса 2 € по соба од ден (доплата на лице место)

НАПОМЕНИ:

  • Доплата за туристичка такса 1,5 € по соба од ден (доплата на лице место)
  • Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет; преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време)
  • Хигиената во објектот за време на престојот ја одржуваат самите гости
  • Агенцијата Explora го задржува правото, во случај на слободни (непродадени) капацитети, да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени; лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник немаат право на надомест на средства за разлика во цена
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студија и служат за генерален впечаток
  • Кујните во сите студија се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување зависи од давателот и техничките можности на регионот
  • Сопствениците го задржуваат правото да наплатат штета од клиентите при евентуално направена причинета штета
  • Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж
  • Early Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти
  • За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Explora

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин
  • Доплата за превоз:
    • Метаморфози, Ормос Панагиас: возрасен 45 €, дете до 12 години 35 €
    • Неос Мармарас: возрасен 50 €, дете до 12 години 40 €
    • Торони, Сикија: возрасен 55 €, дете до 12 години 45 €
  • Деца до 2 години – бесплатно (без седиште)