Вила Julijanos
📍Грција, Остров Крф





Gallery
BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ
на цените во табелата (со минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.01.2026
ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/2 АПАРТМАН И ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО 1/4 АПАРТМАН
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ СТОПАНСКА БАНКА КАРТИЧКА
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 11 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 11 години.
Ипсос се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Ипсос е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружен е со продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, барови, таверни итн. Плажата повеќе пати беше обележана со Сино знаме за чистиот брег и води со тоа што ја прави една од најбезбедните плажи на Крф.
Вила Јулианос e вила со релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 10 минути пешачење од плажата со многу гостопримливи домаќини. Вила која ја работиме веќе 11-то лето и од која имаме само пофалби.Располага со студија за 2 лица и апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви) посебна спална и тоалет. Сите имаат исто сопствена тераса. А позади вилата има скара која е на располагање на користење на гостите. Во вилата има телевизор и клима уред(се доплаќа на лице место 5 евра од ден). Куќата има WIFI но агенцијата не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања 8 дена сместување
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса (14 евра од студио/апартман за 7 ноќевања, која се плаќа задолжително во агенција)
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима уред
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
- Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
- За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНИ:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина порано од 30 дена пред патување ќе бидат задржани манипулативни трошоци од 5% од сумата на аранжманот.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12.За време на престојот гостите се задолжени за хигиената во студијата/апартманите. Постелнината се менува еднаш седмично.
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз СТ