Вила George & Marios
📍Грција, Атос, Амулијани





Gallery
АМУЛИЈАНИ
На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители ,прекразна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро, кафетерии, продавници -супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рент а кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулијани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи , но незаборавајте да ги посетите и плажиите: Мегали амос, Св.Ѓорги, Вавос, Елефант бич – источна страна, на запаната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич, и уште неколку други Божествени убавини.
Вилата „ЏОРЏ и МАРИОС“ лоцирана е во центарот на градот Амулијани. Убаво опремена вила. Секоја соба има мини кујна опремена со кујнски инвентар, кафе мат, мал фрижидер со комора и плотна со 1 рингла. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и ТВ и тераса со маса и столици. Вилата има и безжичен интернет, во непосредна близина има паркинг јавен, кој функционира на принципот прво слободно место.
Координати на Вилата;
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ
КОРИСТЕЊЕ НА WI-FI И КЛИМА УРЕД Е БЕСПЛАТНО
СТУДИЈАТА: ИМААТ КРПИ И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН!
Прв кат:
Студио бр.2 1/4 (4 лица)
Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и два поединечни кревети кои се комотни за спиење на 2 лица .Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта .Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли,мал фрижидер со комора и кујнски инвентар.Има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
Студио бр.3 1/4 (4 лица)
Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и два поединечни кревети кои се комотни за спиење на 2 лица .Во студиото може да престојуваат 4 лица. Има плакар за алишта .Кујната е опремена со аспиратор, плотна со две рингли,мал фрижидер со комора и кујнски инвентар.Има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на тераса со маса и столици.
НАПОМЕНИ
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).
ПРЕВОЗ
50 € за возрасни – повратна карта;
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
20 € за прв ред на седиште;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште;
За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице;
ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
10€ за возрасни – повратна карта;
7 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта;
ID 031
ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ОДМОР И ПРИЈАТНО ПАТУВАЊЕ!
Посетете го следниот линк и откријте ги сите наши актуелни понуди и дестинации за лето 2026! АC
https://www.explora.mk/destinacii/grcija