Vila Filoxenia

📍Грција, Неа Врасна

Вила FILOXENIA
Вила FILOXENIA
Вила FILOXENIA
Вила FILOXENIA
Вила FILOXENIA
Повеќе

Gallery

Неа Врасна се наоѓа во заливот Стримоникос, карактеристична е по долгата песочна плажа, убавото море, многубројните таверни, ресторани и забавни паркови за најмалите. Мирниот одмор и долгите прошетки до Аспровалта или Ставрос се главна карактеристика на ова место за луѓе кои ја сакаат прошетката со долги разговори. На оддалеченост од 60 км од Солун, Неа Врасна е дестинација за фамилијарен и опуштен одмор, каде на само неколку стотици метри имате Lidl и Masoutis.

Вилата Филоксенија е нова и модерно опремена вила, на оддалеченост од само 150 метри од море. Располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни студија и апартмани. Сите соби се убаво опремени со нови кујни, купатило со ВЦ, ТВ, клима уред и многу големи тераси. Во дворот има скара која е достапна за туристите. Вилата има паркинг за 2 возила и функционира на принципот прво слободно место.

Координати на Вилата: 40.703779, 23.696994

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (15.05; 22.05; 29.05; 05.06; 04.09; 11.09 и 18.09.2026)
ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ.

ОСТАНАТИТЕ ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ.

КОРИСТЕЊЕ НА:

  • КЛИМА УРЕД СЕ ДОПЛАЌА 6 € ОД НОЌ ОД СТУДИО ИЛИ АПАРТМАН
  • ПАРКИНГ (2 МЕСТА) (на принцип прво слободно место) и WI-FI – Е БЕСПЛАТНО

Организатор: 🏖 Експлора Травел

Приземје:

Студио бр. Алфа 1/3+1 (4 Лица)
Располага со еден дупол кревет (француски) и еден поединечен кревет на спуштање, кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.

Студио бр.1 1/3+1 (4 Лица)
Располага со три поединечни кревети и има простор за дополнителен кревет на расклопување (комотно е). Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на сопствено дворче со маса и столици.

Апартман бр.2 1/3+1/2 (5 Лица)
Располага во кујната со еден поединечен и еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта, ТВ и клима уред. Во спалната соба има еден дупол кревет. Од двете соби се излегува на сопствено дворче со маса и столици. Има сопствено купатило и WC.

Прв кат:

Студио бр.3 1/2 (2 Лица)
Располага со еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.4 1/2 (2 Лица)
Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на многу голема тераса (35 м²) со маса и столици.

Апартман бр.5 1/3+1/2 (5 Лица)
Апартманот располага со една спална, посебна кујна, купатило со WC и многу голема тераса (40 м²) со маса и столици. Во спалната соба има еден дупол кревет и мало креветче за дете до 4 год. Од спалната се излегува на тераса. Во спалната има клима уред, ТВ и плакар за алишта. Во кујната има два поединечни кревети. Таа е комплетно опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор. И од кујната се излегува на тераса. Има сопствено купатило и WC.

Студио бр.6 1/2 (2 Лица)
Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.7 1/2 (2 Лица)
Располага со еден дупол кревет. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.8 1/2 (2 Лица)
Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.9 1/2 (2 Лица)
Располага со два поединечни кревети. Во склоп на собата има кујна опремена со кујнски инвентар, фрижидер, решо со две рингли, респиратор, плакар за алишта. Во собата има ТВ и клима уред. Има сопствено купатило и WC. Студиото излегува на тераса со маса и столици.

Студио бр.10 1/3 (3 Лица)
Располага со спална со три поединечни кревети и посебна кујна. Во спалната има плакар за алишта, ТВ, клима уред и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар во која има фрижидер, решо со две рингли, респиратор. Има сопствено купатило и WC. Апартманот излегува на тераса со маса и столици.

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање.
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е можно да се застане.
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден).
– За уплата на два аранжмани 7+7 ноќевања се одобрува 10% попуст на втората смена.
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со ѕвездичка, на втората смена не се одобрува дополнителен попуст.
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот.
– Целосна доплата на аранжманот е 21 ден пред поаѓање.
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, средствата не се враќаат; исклучок е ако патникот сам си најде замена за веќе резервираната соба.
– Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник, нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат Општите услови на патување на Експлора Травел.
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија.
– Во случај на направена поголема штета во студијата, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот.
– Агенцијата Експлора Травел нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата.
– Туристичка такса се плаќа во агенција: 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

ПРЕВОЗ

  • 50 € за возрасни – повратна карта
  • 35 € за деца до 12 години – повратна карта
  • 35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
  • 10 € за избор на седиште (освен прв ред)
  • 20 € за прв ред седиште
  • Деца до 2 години бесплатно – не користат седиште
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице AC