Вила Dimitra Nikiti

📍Грција, Ситонија, Никити

Вила DIMITRА
Вила DIMITRА
Вила DIMITRА
Вила DIMITRА
Вила DIMITRА
Повеќе

Gallery

Никити e туристичко место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија. На оддалеченост од 100 км југо-источно од градот Солун, Никити се краси со плажа во залив, која гледа кон првиот крак, поточно кон Калитеа. Секоја година се одржува спортски маратон во пливање од Калитеа до Никити во далечина од 24 км. Идеално место за туристи што сакаат убава плажа, чисто море, долги прошетки покрај плажа со многу ресторани, сувенирници, детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис.

Вила „Dimitrа“ е идеална за одмор има простран двор со трева, цвекиња и палми. Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите во зависност од препораките за заштита од пожари од страна на локалните власти. Вилата располага со трикреветни апартмани, а во еден од нив има можност за дополнителен кревет.

7% ЗА УПЛАТА НА 50% ДО 10.11.2025
10% ЗА ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 10.11.2025

Цените се со вкалкулиран попуст, но одобруваме и дополнителен попуст на попустот на смените без ѕвездичка

Се разбира 👍 — еве го целиот текст со сите спомнувања на „Балкан Експрес“ променети во „Експлора Травел“, без други измени:

Пакет аранжман

  • За пакет аранжманот во АПАРТМАН потребни се минимум 2 лица;
  • Трето и четврто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат: 50 € за возрасен или 35 € за дете од 02-12 години;
  • Дете до 02 години не плаќа (бесплатно) и не користи седиште во автобус;
  • За патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10 € по лице.

СМЕСТУВАЊЕ:

  • БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕ ПАРКИНГ, WIFI И КЛИМА УРЕД
  • АПАРТМАНИТЕ ИМААТ КРПИ, САПУН И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА

Апартмани

Апартман бр. 2 АЛФА 1/2+1/1 (3 ЛИЦА)
Апартманот се наоѓа на први кат.
Апартманот располага со две простории. Првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер и има 1 поединечен кревет. Во втората просторија има 2 поединечни кревети, плакар за алишта, ТВ, клима и излегува на тераса на која има маса со столици и тенда, со поглед во убавата градина. Помеѓу двете простории нема врата. Има комарници и ролетни на прозорите. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

Апартман бр. 3 АЛФА 1/2+1/1 (3 ЛИЦА)
(Исти карактеристики како бр.2 АЛФА, на први кат)

Апартман бр. 4 АЛФА 1/2+1/1 (3 ЛИЦА)
(Исти карактеристики како бр.2 АЛФА, на први кат)

Апартман бр. 1 ВИТА 1/2+1/1+1 (4 ЛИЦА)
Апартманот се наоѓа на втори кат.
Апартманот располага со две простории. Првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли, аспиратор, фрижидер и има 1 поединечен кревет. Во втората просторија има 2 поединечни кревети со можност за дополнителен кревет, плакар за алишта, ТВ, клима и излегува на тераса на која има маса со столици и тенда, со поглед во убавата градина. Помеѓу двете простории нема врата. Има комарници и ролетни на прозорите. Апартманот располага со стандардно купатило и WC.

Апартман бр. 2 ВИТА 1/2+1/1 (3 ЛИЦА)
(Исти карактеристики како бр.1 ВИТА, на втори кат)

НАПОМЕНИ

  • Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
  • Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
  • Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1€ = 62 ден.);
  • Кога има акциски попуст, НЕ важи за смените со ѕвездичка;
  • За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
  • Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден (21) ден пред поаѓање;
  • Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања, средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства) само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
  • Во случај на промена на цените (зголемување или намалување) со објавување на нов ценовник, нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
  • Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат Општите услови на патување на Експлора Травел;
  • Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
  • Во случај на направена поголема штета во апартманите, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
  • Агенцијата Експлора Травел нема одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
  • Туристичка такса се плаќа во агенција: 2 € од ноќ за студијата и апартманите (доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета).

    МЕСТО И ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ:

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ТРГНУВАЊЕ ОД:

Град Место на тргнување Време

Куманово Бензинска пумпа Макпетрол 03:15 часот наутро

Скопје Спортска сала Борис Трајковски 04:00 часот наутро

Велес Мотел Македонија бензинска МакОил 04:30 часот наутро

Кочани Основен суд 03:15 часот наутро

Штип Нова пошта 04:00 часот наутро

Неготино Бензинска пумпа Макпетрол 05:00 часот наутро

Гевгелија Бензинска пумпа Окта-Шимов 06:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА

Битола Спортска Сала 03:15 часот наутро

  • Прилеп Бензинска пумпа Лукоил 04:00 часот наутро AC