Вила Dimitra

📍Грција, Касандра, Калитеа

Вила Димитра
Вила Димитра
Вила Димитра
Вила Димитра
Вила Димитра
Повеќе

Gallery

Калитеа е туристичко место кое се наоѓа на 70 км. југоисточно од Солун. Калитеа е карактеристична по нејзината песочна плажа со кристално чисто море, наградувана со плаво знаменце за чистота со природна убавина, бујна медитеранска вегетација. Калитеа е идеална за оние кој сакаат плитка вода и забава. КАЛИТЕА во превод значи убав поглед, и ова е единственото место со неверојатна глетка кон торонеискиот залив.

Вила Димитра се наоѓа на околу 500 метри од плажа, веднаш до училиштето во Калитеа и на околу 2 минути пешачење до центарот.

Во нејзина близина се наоѓаат: продавници за храна, фурна, ресторани и игралишта за деца. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40 м одалеченост каде се наоѓа бесплатен паркинг.

Содржина на студијата:

  • Мини кујна со прибор за готвење и јадење
  • Сопствен тоалет
  • Балкон
  • ТВ
  • Клима (5€ на ден – се плаќа на лице место)
  • Wi-Fi

Типови на студија:

  • Трокреветни студија на приземје – бр.3 со три единечни кревети и бр.1 и 2 со еден двоен + еден единечен кревет
  • Трокреветни студија на втор кат со еден двоен кревет и еден единечен со број 10 и 11.
  • Четворокреветни студија – бр.8 на приземје со четири единечни кревети и бр.4 и 5 на прв спрат и бр.6 и 7 на втор спрат со еден двоен + две единечни,
  • Петтокреветно студио – бр.9 со еден двоен кревет + три единечни кревети, лоцирано на прв спрат.

Промо термини:

  • Првите три и последните три термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.

Важно да знаете:

  • Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
  • Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
  • Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
  • Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
  • За патници со автобуски превоз:
  • куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
  • доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
  • секој куфер мора да има налепница од водичот
  • Патниците кои користат организиран автобуски превоз имаат право на еден куфер ДО 23 кг и рачна торба до 6 кг . Доплата за дополнителен багаж изнесува 20€ (во денарска противвредност), доколку има расположлив простор во автобусот.
    Секој патник при качување, од водичот, добива налепница за багаж1 налепница = 1 куфер..

Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)

  • -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
  • -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
  • -Велес (бензинска пумпа Мотел Македонија) -50еур по лице
  • -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
  • -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
  • -Во цената е вклучен еден куфер од 23кг по патник. За дополнителен багаж се доплаќа во агенција по 20еур по дополнителен багаж

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:

  • Битола -(Автобуска станица Транскоп – на перон) – 45еур по лице
  • Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
  • Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
  • Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
  • Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
  • Деца од 2-11,99год – Попуст од 10еур од редовната цена
  • Деца до 1,99год – бесплатно и не користат седиште
  • -Во цената е вклучен еден куфер од 23кг по патник. За дополнителен багаж се доплаќа во агенција по 20еур по дополнителен багаж

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • *Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
  • *За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин(овој попуст не е важечки за промо термините)
    * попустите не може да се комбинираат,
  • *Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
  • *Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
  • *Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • *Важат Општите услови на СКТМ и ТА ЈК травел

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:

  • -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
  • -4:00 Скопје (Дрводекор)
  • -4:30 Велес (БП Макоил, Мотел Македонија)
  • -5:00 Неготино (БП Неготино)
  • -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ

  • -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
  • -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
  • -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
  • -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
  • -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола

ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:

  • 15:00 локално време (14:00 Мак. време) Калитеа
  • 14:45 локално време (14:00 Мак. време) Полихроно
  • 14:30 локално време (13:30 Мак. време ) Ханиоти

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето

Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме. JJ