Студија Зинова
📍Грција, Касандра, Пефкохори





Gallery
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
Zinova Studios – Се наоѓаат во центарот на Пефкохори, на само 100 м од плажа, веднаш до познатиот маркет “ Próodos (Πρόοδος) “ и спроти кружниот тек кај пица “Roma”. Стидија на прв спрат, целосно реновирани во 2022.
Студио бр.1 и 2 со брачен кревет и фотеља на спуштање за дете до 12 години, комплет опремена кујна, клима, ТВ, Wi-fi, терас со поглед на улицата.
Студио бр.3 поглед кон улицата и бр. 4, 5 и 6 поглед кон градината, брачен кревет и единечен кревет, комплет опремена кујна, клима, купатило со туш ,ТВ, Wi-fi.
НАПОМЕНА: Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студиата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
GPS КОРДИНАТИ: https://goo.gl/maps/4hPeH8T9eeDhsR4i6
Одалеченост:
Agia Paraskevi Church — 5 km
Кohili boutique — 3 km
Hanioti Beach — 4 km
Polichrono Beach — 9.7 km
Kalithea – 19.6 km
Lidl – 21.2 km
ПРЕВОЗ
Цени, време на поаѓање и места на поаѓање до/од Халкидики
Скопје – Халкидики (Недела)
- Скопје – Дрводекор
Време на поаѓање: 04:00
Цена: 50 € - Велес – кружен тек на влезот (БП Макпетрол)
Време на поаѓање: 04:30
Цена: 50 € - Штип – паркинг пред пошта (трансфер до Велес)
Време на поаѓање: 03:40
Цена: 65 € - Неготино – БП Неготино
Време на поаѓање: 05:00
Цена: 50 € - Граничен премин – БП Шимов
Време на поаѓање: 06:00
Цена: 50 €
Битола – Халкидики (Недела)
- Битола – Автобуска станица Транскоп (перон)
Време на поаѓање: 04:00
Цена: 45 € - Прилеп – БП Селида (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 03:15
Цена: 45 € - Струга – Хотел Дрим (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 02:15
Цена: 55 € - Охрид – БП Лук Оил (излез кон Битола, трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 02:30
Цена: 55 € - Ресен – спроти автобуска станица (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 03:15
Цена: 55 €
Попусти за деца
- Деца од 2 до 11,99 години: попуст 10 €
- Деца до 1,99 години: бесплатно (не користат седиште)
Поаѓање од Грција (повраток) - Калитеа – 15:00 локално време / 14:00 македонско време
- Полихроно – 14:45 локално време / 14:00 македонско време
- Ханиоти – 14:30 локално време / 13:30 македонско време
- Пефкохори – 14:15 локално време / 13:15 македонско време
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ - За уплата на два или повеќе последователни термини, се одобрува 7% попуст на вториот термин.
(Попустите важат само за редовните цени.) - Попустите не може да се комбинираат.
- Организаторот го задржува правото да ги продава капацитетите преку LAST MINUTE понуда по цени различни од ценовникот.
Страните кои платиле по ценовникот немаат право на надомест за разликата во цената. - На промо цени не следува попуст за рана резервација и за два последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сместувањето каде може да запре автобус.
- При сместување, собите се чисти, а за време на престојот патниците самостојно се грижат за хигиената.
По завршување на престојот, апартманот треба да се остави во пристојна/чиста состојба. - Во случај на причинета штета, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Секој патник има право на:
- 1 парче багаж до 20 кг,
- 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 € по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Минимум 1 ден пред поаѓање, патниците треба да се информираат во агенцијата.
- Патниците треба да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густ сообраќај во летната сезона, можно е доцнење.
- Агенцијата го прави распоредот на седење 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Со уплата на превоз, патникот има обезбедено седиште.
- За резервација на одредено седиште, се наплаќа 10 € по лице.
- Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ
- За отказ на резервација важат следните општи услови:
- До 30 дена пред патувањето: се задржува 30% од сумата.
- 29–15 дена пред патувањето: се задржува 50% од сумата.
- 14–5 дена пред патувањето: се задржува 80% од сумата.
- 5–0 дена пред патувањето: се задржува 100% од сумата.
Отказ по оправдани причини (болест, повреда, смрт, елементарна непогода и сл.)
- Со приложена валидна потврда од надлежни органи, патникот не ги плаќа стандардните отказни трошоци, туку само реалните трошоци за откажување на аранжманот кои организаторот треба да ги плати на давателот на услугата.
- Доколку се откажува по почетокот на патувањето поради виша сила (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди и сл.), организаторот не е одговорен и нема обврска за поврат на средства, освен ако давателот на услуги не изврши рефундација.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
- Во случај на неадекватно сместување или друг проблем, патниците треба веднаш да го известат:
- Одговорното лице на објектот
- Претставникот
- Организаторот на патувањето
- Уплатното место каде е склучен договорот
- Рекламации доставени на последниот ден од престојот или по враќање не се разгледуваат.
- При инциденти (кражба, тепачка, сообраќајка и сл.), патниците треба да се обратат на надлежните институции во земјата на престој.
Организаторот може да помогне само како посредник.
НАПОМЕНА
- Општите услови на патување се составен дел од програмата.
- Агенцијата не сноси одговорност за информации дадени усно.
- Внимателно прочитајте ги условите на патување. С