Sandy Apartments

📍Грција, Касандра, Неа Флогита

Sandy Apartments
Sandy Apartments
Sandy Apartments
Sandy Apartments
Sandy Apartments
Повеќе

Gallery

Опис:

Вила Sandy Apartments се наоѓа во централниот дел на Неа Флогита, едно од најубавите места на западниот брег на Халкидики, на само 50 километри од Солун. Од плажата е оддалечена околу 180 метри. Местото е познато по долгата и широка песочна плажа со Сино знаме, што ја прави идеална за фамилии и парови кои бараат мирен и пријатен одмор покрај море. Во близина се наоѓаат таверни, кафулиња, маркети и шеталиште со туристички содржини.

Сместување:

Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани, распределени на приземје, прв и втор кат.

Во понуда има и:

Дуплекс апартмани (бр. 6 на Втор Кат) – со две спални соби (едната со брачен кревет, другата со два единечни) и одвоена кујна;

Апартман бр. 1 Приземје и 5 на Втор Кат (1/2+3) – со брачен кревет во кујнскиот простор и посебна спална соба со три единечни кревети.

Сите апартмани се пространи и комплетно опремени, со кујна (фрижидер, решо и прибор за јадење), ТВ, купатило и клима уред (вклучен во цената).

Во апартманите нема пешкири, а гостите самостојно ја одржуваат хигиената за време на престојот.

Содржини и услуги:

Објектот нуди бесплатен Wi-Fi интернет (агенцијата не гарантира за квалитетот и стабилноста на сигналот), како и можност за паркирање во близина.

Хигиена и одржување:

Хигиената во апартманите ја одржуваат самите гости. Постелнината се менува еднаш во текот на престојот. Пешкири не се вклучени во понудата.

Локација и координати:

Вилата се наоѓа во центарот на Неа Флогита, на 180 метри од плажата.

📍 Географски координати:

Latitude: 40.258465

Longitude: 23.215790

Предности:

✅ Одлична локација во центарот на Флогита

✅ Пространи и модерни апартмани со клима вклучена во цената

✅ Блиску до плажа, продавници и таверни

✅ Идеален избор за семејства и парови

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Сместување во Студио за 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

* Превоз до избраниот објект во Грција.

* Задолжително патничко осигурување.

* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….

* Турситичка Такса 14 евра по соба (доплата во објектот)

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 14 € по соба (доплата во објектот)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на редовните цени на вториот термин;– Доплата за превоз: - возрасен 50 евра, дете до 12 години 40 евра *Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште) WA