С – Апартман
📍Грција, Касандра, Ханиоти





Gallery
Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, ХАНИОТИ е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Препознатливо е по космополитската атмосфера, традиционалното се меша со модерните европски трендови. Ханиоти е место кое гарантира релаксирачки и незаборавен престој, има голем број хотели, апартмани и вили, бутици, продавници, бројни ресторани, кафе барови и традиционални таверни што ќе го задоволи секое семејство, исто така има и модерни барови и денс- клубови кои нудат вечерна забава за сите возрасти, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.Овде имате можност за факултативни излети и екскурзии, така што можете да ги посетите Света Гора, Метеорите, заливот Торонеос.
ОПИС:
С-АПАРТМАН се наоѓа во близина на вториот влез во Ханиоти, пред бензинската пумпа Kaoil. Прекрасната песочната плажа е оддалечена на околу 350 м . Апартманот е реновиран во 2022 год, капацитетот на сместување е до 5 возрасни лица. Опремен е со кујна, основни елементи и прибор за готвење и ручање, шпорет со рерна, голем фрижидер, ново купатило, голема поврзана тераса околу цел апартман, wi-fi, клима.
1/4+1 апартман -две спални соби (француски лежај + два единечни кревети ), + единечен кревет на спуштање во дневната
Гостите се сместуваат во исчистени соби, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
GPS: 39.9984488,23.573658
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на апартманот се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место.Студијата не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
ПРЕВОЗ
Цени, време на поаѓање и места на поаѓање до/од Халкидики
Скопје – Халкидики (Четврток)
- Скопје – Дрводекор
Време на поаѓање: 03:00
Цена: 50 € - Велес – бензинска пумпа Мотел Македонија
Време на поаѓање: 03:45
Цена: 50 € - Штип – паркинг пред пошта (трансфер до Велес)
Време на поаѓање: 03:00
Цена: 65 € - Кавадарци – Дреново, Бензиска Макптерол кај новиот Кружен, ширина кај знакот Росоман
Време на поаѓање: 04:30
Цена: 50 €
Битола – Халкидики (Четврток)
- Битола – Автобуска станица Транскоп (на перон)
Време на поаѓање: 05:30
Цена: 45 € - Прилеп – БП Селида (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 05:00
Цена: 45 € - Струга – Хотел Дрим (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 03:45
Цена: 55 € - Охрид – БП Лук Оил (излез кон Битола, трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 04:00
Цена: 55 € - Ресен – спроти автобуска станица (трансфер до Битола)
Време на поаѓање: 04:45
Цена: 55 €
Попусти за деца
- Деца од 2 до 11,99 години – попуст 10 € од редовната цена
- Деца до 1,99 години – бесплатно (не користат седиште)
Време на поаѓање Скопје-Битола-Халкидики
- 03:00 – Штип (паркинг пред пошта), трансфер до Велес и Битола
- 03:00 – Скопје (Дрводекор), трансфер до Битола
- 03:45 – Велес (Мотел Македонија), трансфер до Битола
- 04:30 – Кавадарци (Дреново Бензиска Макптерол кај новиот Кружен)
- 05:00 – Прилеп (БП Салида), трансфер
- 05:30 – Битола (Автобуска станица Транскоп, на перон)
- 03:45 – Струга (Хотел Дрим), трансфер
- 04:00 – Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола), трансфер
- 04:45 – Ресен (спроти автобуска станица), трансфер
Поаѓање од Грција
- Калитеа – 15:00 локално / 14:00 македонско време
- Полихроно – 14:45 локално / 14:00 македонско време
- Ханиоти – 14:30 локално / 13:30 македонско време
Напомени
- Релациите кои се наведени како трансфер се реализираат со патничко возило или комбе.
- Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување, патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот за сместување.
- Патниците треба да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона поради густ сообраќај, за што се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
- За уплата на два или повеќе последователни термини, се одобрува 7% попуст на вториот термин.
(Попустите важат само за редовните цени.) - Попустите не може да се комбинираат.
- Организаторот го задржува правото да ги продава капацитетите преку LAST MINUTE понуда по цени различни од ценовникот.
Страните кои платиле по ценовникот немаат право на надомест за разликата во цената. - На промо цени не следува попуст за рана резервација и за два последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сместувањето каде може да запре автобус.
- При сместување, собите се чисти, а за време на престојот патниците самостојно се грижат за хигиената.
По завршување на престојот, апартманот треба да се остави во пристојна/чиста состојба. - Во случај на причинета штета, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Секој патник има право на:
- 1 парче багаж до 20 кг,
- 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 20 € по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
- Минимум 1 ден пред поаѓање, патниците треба да се информираат во агенцијата.
- Патниците треба да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густ сообраќај во летната сезона, можно е доцнење.
- Агенцијата го прави распоредот на седење 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Со уплата на превоз, патникот има обезбедено седиште.
- За резервација на одредено седиште, се наплаќа 10 € по лице.
- Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ
- За отказ на резервација важат следните општи услови:
- До 30 дена пред патувањето: се задржува 30% од сумата.
- 29–15 дена пред патувањето: се задржува 50% од сумата.
- 14–5 дена пред патувањето: се задржува 80% од сумата.
- 5–0 дена пред патувањето: се задржува 100% од сумата.
Отказ по оправдани причини (болест, повреда, смрт, елементарна непогода и сл.)
- Со приложена валидна потврда од надлежни органи, патникот не ги плаќа стандардните отказни трошоци, туку само реалните трошоци за откажување на аранжманот кои организаторот треба да ги плати на давателот на услугата.
- Доколку се откажува по почетокот на патувањето поради виша сила (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди и сл.), организаторот не е одговорен и нема обврска за поврат на средства, освен ако давателот на услуги не изврши рефундација.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
- Во случај на неадекватно сместување или друг проблем, патниците треба веднаш да го известат:
- Одговорното лице на објектот
- Претставникот
- Организаторот на патувањето
- Уплатното место каде е склучен договорот
- Рекламации доставени на последниот ден од престојот или по враќање не се разгледуваат.
- При инциденти (кражба, тепачка, сообраќајка и сл.), патниците треба да се обратат на надлежните институции во земјата на престој.
Организаторот може да помогне само како посредник.
НАПОМЕНА
- Општите услови на патување се составен дел од програмата.
- Агенцијата не сноси одговорност за информации дадени усно.
Внимателно прочитајте ги условите на патување. С