Maravellia Hotel
📍Грција, Евија, Лутра Едипсос





Gallery
Maravella Hotel – Loutra Edipsos, Evia
Опис:
Maravella Hotel е модерен хотел на прва линија до море, сместен во центарот на Loutra Edipsos, со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон Егејското Море. Објектот е идеален за релаксирачки одмор со комбинација на мир, удобност и одлична храна. Благодарение на својата локација и домашна атмосфера, хотелот е особено популарен кај парови и фамилии.
Локација:
Хотелот се наоѓа на самата обала во Loutra Edipsos, на неколку минути пешачење од познатите термални извори Edipsos Thermal Springs (500 м). Аеродромот Nea Anchialos е на 67 км оддалеченост, а во близина има таверни, кафулиња и маркети.
Сместување и содржини:
Хотелот располага со модерно уредени соби со балкон и поглед кон море. Сите соби се опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, бесплатен Wi-Fi, приватен тоалет со туш или када, фен, тоалетни производи и пешкири, кујна и фрижидер, гардеробер, маса и столици, балкон или тераса (со поглед кон море или планина).
Услуги и удобности:
- ресторан со традиционална грчка кујна, појадок (континентален, веган, безглутенски – по избор), бар и кафе-бар на самата плажа,
- рецепција, отворена тераса за сончање, јавна бања и beauty услуги,
- бесплатен паркинг во близина.
Двор и атмосфера:
Гостите уживаат во сончевата тераса со лежалки, а атмосферата во хотелот е тивка и релаксирачка, со прекрасен поглед кон морето. Идеално место за утринско кафе или романтична вечера со зајдисонце.
Предности:
Локација на прва линија до море, прекрасен поглед кон морето, бесплатен Wi-Fi и паркинг, ресторан и бар на лице место, близина до термалните извори, идеално за парови и фамилии.
Програма на патување
Едипсос – Остров Евија
1. Ден
Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.
2 / 3 / 4 / 5 / 6 Ден
Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.
Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:
- Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака.
- Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција.
- Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
7. Ден
Последен ден за одмор и подготовка за враќање.
8. Ден
Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
Ценовни информации
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз Скопје – Едипсос - Скопје
- Сместување во Студио 7 ноќи
- Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
- Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување.
- Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци.
- Туристичка такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот). w