Куќа Sofia
📍Грција, Атос, Јерисос





Gallery
20 % попуст заклучно со 06.12.2025 (сабота) за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 10.01.2026 (сабота)
40.40005, 23.88018
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители, има долга песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Sofia” ( ex. Zeyia ) се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман / дуплекс апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м² со 2 одвоени спални соби. Има поглед на градина од една тераса (на која се излегува од едната спална) и директен поглед море од друга тераса (на која се излегува од другата спална). Дуплекс апартманот има три одделни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 споени стандардни единечни кревети, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и простран тоалет со туш кабина. Опремен е со квалитетен мебел. На двете тераси има маси и столови.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Полудуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен полудуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата, а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Располага со 2 брачни кревети во спалните и мала софа за дете до 7 години во дневна. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува од спална соба и има поглед во дворот зад куќата.
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- Во вонсе-зонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување; во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од партнери или од нивните страници или сликани од агенцијата.
Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
Информациите за објектот се ажурираат, но не се гарантираат дека се целосни или не содржат грешки.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на престојот должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку клима уредот се остава вклучен додека сте надвор од собата.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде е склучен Договорот за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Рекламации кои се пријавуваат на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, нема да бидат земени во предвид.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување. Недостаток на истиот не е одговорност на агенцијата и поради тоа НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружник-пратител на групата.
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Агенцијата распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање, системски според денот на уплата на аранжманот.
Резервација на седиште може да се направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот. IMP
Место на поаѓање:
- Скопје – хотел ‘Russia’
- Куманово – БП Макпетрол (автопат)
- Велес – БП Макоил
- Неготино – БП Макпетрол Неготино автопат
- ГП Богородица