Куќа Анастасија

📍Грција, Касандра, Фурка

Куќа Анастасија
Куќа Анастасија
Куќа Анастасија
Куќа Анастасија
Куќа Анастасија
Повеќе

Gallery

За целосни уплати заклучно со 14 ноември, 20% попуст на сите термини а 35% попуст на термините 27.6, 4.7 и 22.8


Куќа „Анастасија“ е лоцирана во центарот, на најубавиот дел од шеталиштето во Фурка. Оддалечена е околу 150 метри од песочната плажа. Терасите имаат поглед кон море. Располага со трикреветни студија со дополнително легло за четири лица. Квалитетно опремени, сите опремени со ЛЦД ТВ, клима (вклучена во цената), тоалет, комплетно опремена кујна. Во собите нема пешкири како дел од опремата.

Напомени и услови:

Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања и се плаќа целосно според бројот на кревети во секоја соба без разлика дали во неа ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети но не и повеќе, во цената не е вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
Тргнувањето од Скопје се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
Распоредот на седење во автобус се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
Ограничување или доплата за багаж во автобусите нема. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж, Explora Travel не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот на 7 или на 10 ноќевања.
За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна доплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот, а доколку не се изврши во предвиденото време, Explora Travel може да го смета како отказ на аранжман. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
Промена на веќе постоечка резервација, како имиња и презимиња на патници изнесува 930 денари (15 евра) додека промена на термин подразбира отказ на истата и се наплаќа според табелата од Општите услови за патување.
При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од важечки пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
Преземањето на собите е од 15 часот првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од Explora Travel. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, Explora Travel или локалниот партнер го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
На денот на пристигнување, за гостите во куќите, вработените во Explora Travel ќе бидат на располагање до 18ч по локално време, а потоа за нив ќе се грижат претставниците или сопствениците на куќите, на телефонски броеви (Viber, WhatsApp…) кои патниците ќе ги добијат при подигнување на ваучер во агенцијата.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, Explora Travel не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер.
Категоризацијата на објектите – куќите не е во надлежност на Explora Travel, туку е во ингеренции на локалните надлежни институции, како ЕОТ, Министерство за туризам и сл.
За информациите добиени од вработените во Explora Travel, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, Explora Travel не може и нема да преземе одговорност.
Explora Travel организира превоз со лиценциран придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот. Трансферите до влезот во куќите, со такси или кое и да е друго превозно средство се доплаќаат 5 евра по лице.
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од Explora Travel, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена Explora Travel ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
Туристичката такса која изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место.
Explora Travel не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Explora Travel го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Explora Travel и на самата агенција. IGU

Тимот на Explora Travel ви посакува убаво и спокојно лето, пријатен престој и прекрасни спомени, секое добро драги пријатели.