Duplex MIA 4

📍Грција, Касандра, Неа Флогита

Duplex MIA 4
Duplex MIA 4
Duplex MIA 4
Duplex MIA 4
Duplex MIA 4
Повеќе

Gallery

Дуплекс Апартман „МИА 4“ – Неа Флогита

Дуплекс апартман „МИА 4“ се наоѓа на 60 метри од песочната плажа во Неа Флогита. Сместен е на прв кат и располага со:

  • Две спални соби (во секоја има еден брачен и еден единечен кревет и плакар)
  • Кујна опремена со основен прибор за готвење, електричен шпорет со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување
  • Заедничко купатило
  • Ходник
  • Два балкони (од едната спална со поглед кон дворот, а од другата спална со поглед кон улицата)

Клима уред и Wi-Fi се вклучени во цената (агенцијата не одговара за квалитетот на интернет конекцијата).

Координати: 40.258210, 23.214786

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

  • Туристичка такса: 4 € по ноќ по дуплекс апартман (се плаќа во агенција).
  • Клима уред бесплатно доколку се користи само додека гостите се во апартманот; во спротивно сопственикот може да наплати 5 € по ден или да ја ускрати услугата.
  • Сместување е дозволено само согласно бројот на леглата.
  • Објавените слики на веб-страницата се информативни и служат за генерален впечаток; за сите детали информирајте се кај нашите вработени.
  • Агенцијата организира превоз до најпогодно место за застанување и паркирање на автобус/минибус.
  • Секој патник има право на 1 парче багаж.
  • За хигиената во текот на престојот се грижат самите гости.
  • Сопствениците го задржуваат правото да наплатат штета доколку биде предизвикана од гостите.
  • Агенцијата може да објави слободни капацитети како Last Minute понуда, без промена на цената за веќе потврдени резервации.
  • Чек-ин е по 14:00 часот, а чек-аут до 09:00 часот (локално време).
  • Во случај на отказ важат општите услови за патување наведени на договорот.
  • Промена на патници по барање на клиентите се наплаќа 10 € манипулативни трошоци.
  • Резервацијата важи со уплата на 50%, а целосната доплата се врши 21 ден пред поаѓање, освен ако не е поинаку наведено.

Автобуски превоз (опционално)

  • 45 € – возрасни, повратна карта
  • 35 € – возрасни, еден правец
  • 35 € – деца до 12 години, повратна карта
  • Деца до 2 години: бесплатно (не користат седиште) ДИ