Дуплекс Апартман Mia 1
📍Грција, Касандра, Неа Флогита





Gallery
Дуплекс Апартман „МИА 1“ се наоѓа на само 20 метри од песочната плажа во Неа Флогита. Сместен е на прв кат и располага со две спални соби, посебна дневна соба, посебна кујна, заедничко купатило, ходник и два балкони.
Во секоја од спалните соби има еден брачен кревет, еден единечен кревет и плакар.
Дневната соба е пространа и има трпезариска маса со столици, гарнитура за седење, телевизор и клима уред (бесплатен).
Кујната е целосно опремена со основен прибор за готвење, плотна со рерна и голем фрижидер со комора за замрзнување.
Од едната спална соба се излегува на помал балкон со поглед кон дворот, додека од дневната соба и кујната се излегува на вториот балкон, кој има страничен поглед кон море.
Клима уред и Wi-Fi се вклучени во цената (Агенцијата не одговара за квалитетот на интернет конекцијата).
Координати: 40.257527, 23.217072
НАПОМЕНИ
- Туристичка такса: 4 € по ноќ за дуплекс апартман (се плаќа во агенција).
- Клима уред бесплатно, доколку се користи само кога гостите се во апартманот. Во спротивно сопственикот може да наплати 5 € по ден или да ја ускрати услугата.
- Во собите е дозволено сместување само согласно бројот на леглата.
- Сликите на веб-страницата се информативни – претставуваат дел од понудата и даваат општ впечаток за објектот. За сите специфичности, информирајте се кај нашите вработени.
- Агенцијата може опционално да организира превоз до најпогодно место за застанување и паркирање на автобус/минибус.
- Секој патник има право на 1 парче багаж.
- За хигиената во текот на престојот се грижат самите клиенти.
- Сопственикот има право да наплати штета доколку биде направена од гости.
- Агенцијата може да објави непродадени капацитети како Last Minute; веќе потврдени резервации не подлежат на промена на цена.
- Сместување после 14:00 часот, напуштање на собите до 09:00 часот (локално време).
- Во случај на отказ важат општите услови за патување наведени на договорот.
- Промена на патници по барање на клиентите: 10 € манипулативни трошоци.
- Резервацијата е важечка со уплата на 50%, а целосната доплата се врши 21 ден пред поаѓање, освен ако не е поинаку наведено.
Организиран превоз (опција)
- 45 € – возрасни, повратна карта
- 35 € – возрасни, еден правец
- 35 € – деца до 12 години, повратна карта
- Деца до 2 години – бесплатно (не користат седиште) Di