Апартман Стела
📍Грција, Касандра, Неа Флогита





Gallery
Вила СТЕЛА е лоцирана во близина на игралиштето на Неа Флогита 50 метри од плажа, со поглед на море.
Апартманот е 6-креветен на први спрат. Располага со 2 простории. Спална соба со брачен и единечен кревет од
која се излегува на тераса, купатило, дневна соба со три единечни кревети, во истата просторија е кујната -
опремена со голем фрижидер и шпорет со релна и тераса со поглед на море. Климата и ТВ се во дневната
просторија.
Користење на клима уредот е вклучено во цената.
Туристичката такса се плаќа во агенцијата - 2€ од ноќ.
GPS координати : 40.25702, 23.22285
BLACK FRIDAY - 15%
за резервации до 05.12.25, уплата 50% веднаш и 50% до 31.12.25
За резервација до 31.01.2026 – 10%
Уплата 50% веднаш и 50% - 14 дена пред поаѓање
Попустот НЕ важи за промо цните!
Цените се за наем на апартман
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и
паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
• 3а возрасни 3.100 мкд. (50 евра) / еден правец 2.480 (40 евра)
• За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра) / еден правец 2.170 мкд ( 35 евра)
• Деца до 2 години бесплатно, без седиште
Услови под кои важи аранжманот:
– Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
– За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување
на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.
– Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на
истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање
на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да
влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се
наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното,
агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се
наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
– Апартманите не поседуваат крпи. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата
– Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Туристичката агенција има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
– Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената.
– не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
– Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute
понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
– Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да
обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во и на самата агенција. СУ