Aparthotel Alexander Inn

📍Грција, Ставрос

Aparthotel Alexander Inn
Aparthotel Alexander Inn
Aparthotel Alexander Inn
Aparthotel Alexander Inn
Aparthotel Alexander Inn
Повеќе

Gallery

Најголем попуст за предвремена резервација и целосна уплата заклучно со 19. Декември 2025:

- 25 % попуст за првата и последната смена во сите вили

- 20 % попуст за втората смена во сите вили

- 15 % попуст за третата смена во сите вили

- За сите останати смени попустот е 10 %
Напомена: Сите објавени цени се без пресметан попуст. Секоја резервација без уплата е валидна само 48 часа!


Ставрос е идеално место за семејно летување, за оние кои сакаат да поминат релаксирачки одмор, како и за млади. Има особено блага клима, песочни плажи кои во еден дел од градот се со нагласено плитко море и развиена трговска мрежа која за време на летниот период е во постојана функција на туристите. Градот е оддалечен од Солун само 80 километри, а во непосредна близина се наоѓаат туристичките места Неа Врасна и Аспровалта со кои е поврзан со автобус кој сообраќа преку целиот ден. Градот изобилува со маркети, ресторани, таверни, кафетерии, слаткарници, пекари, продавници за гардероба и сувенири... Во центарот на градот има луна парк и најразновидни забавни игри за децата, убаво уреден парк, мало пристаниште, банка... Во близина на Ставрос се наоѓа познатото место Олимпијада каде Ви препорачуваме да ја посетите фантастичната Платинеста плажа.

Апартхотелот „Alexander Inn“ е лоциран на само 50 метри од плажата во Ставрос. Во состав на хотелот има пица-ресторан и кафе бар, а во дворот на хотелот има преубав базен опкружен со лежалки и чадори кој им е на располагање на гостите. Во прекрасниот амбиент на хотелскиот комплекс посебен простор е уреден за најмладите-детското катче е опремено со играчки каде децата безбедно можат да се забавуваат. Во нашата понуда имаме трокреветни студија на високо приземје и на прв спрат кои имаат тераси со директен и бочен поглед кон базенот, како и поглед на улица. Сите сместувачки капацитети се опремени со соодветен мебел, купатила, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената, а постелнината и крпите се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е со сончеви колектори, а хотелот е покриен со безжичен интернет.

Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Хотелот има сопствен паркинг.

НАПОМЕНИ
-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз.
-Туристичката агенција има право да ги продаде останатите капацитети во Last Minute понуда.Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
-Доколку патникот го откаже аранжманот во EARLY BOOKING цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување.
-Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
-Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
-Сместувањето е првиот ден после 14:00h по локално време, а собите се напуштаат следниот ден во 08:00h по локално време.
-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс 62 денари. АК