Apart Hotel Lazaridis

📍Грција, Неа Рода

Apart Hotel Lazaridis
Apart Hotel Lazaridis
Apart Hotel Lazaridis
Apart Hotel Lazaridis
Apart Hotel Lazaridis
Повеќе

Gallery

Апартхотел “Lazaridis” – Неа Рода

Апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа на околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода, на третиот крак – Атос. Во објектот располагаме со трокреветни студија (со фотелја на расклопување) лоцирани на високо приземје и на првиот кат.

Сите сместувачки капацитети се опремени со хотелски мебел, мини-кујна, телевизор и клима-уред, чија употреба е вклучена во цената. Не е дозволено климата да остане вклучена кога гостите не се во апартманот; сопственикот има право да ја исклучи.

Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед кон морето. Обезбедени се постелнина и крпи што се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целиот објект е преку бојлери, а гостите имаат пристап до безжичен интернет. Агенцијата како организатор не може да гарантира за квалитетот на интернет конекцијата.

Во непосредна близина има простор за паркирање, а самата вила располага со рецепција, сеф, снек-бар и прекрасна заедничка тераса која е достапна за сите гости. Во хотелот постои и можност за појадок (со доплата на рецепција).

До центарот на живописното приморско место Неа Рода се стигнува со околу 10 минути лесно пешачење. Во непосредната околина се наоѓаат и неколку од најубавите плажи во регионот. Особено се издвојува атрактивната плажа „Voulitsa“, која се наоѓа во близина на хотелот и со својата убавина остава силен впечаток уште на првата посета. На околу 4,5 km од објектот се наоѓа и фантастичната плажа „Komitsa“, која поради својата природна убавина е заштитена од УНЕСКО како културно и природно богатство.

НАПОМЕНИ
-Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз.
-Туристичката агенција има право да ги продаде останатите капацитети во Last Minute понуда.Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената.
-Доколку патникот го откаже аранжманот во EARLY BOOKING цена, се применуваат општите услови за отказ согласно потпишаниот договор за патување.
-Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин.
-Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети.
-Сместувањето е првиот ден после 14:00h по локално време, а собите се напуштаат следниот ден во 08:00h по локално време.
-Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противредност по курс 62 денари. АК