ВИЛА МАРИА - КСАМИЛ
📍Албанија , Ксамил





Gallery
Black Friday week – 30% попуст за резервации и целосни уплати до 01.12.2025
-20% попуст за резервации и целосни уплати до 31.01.2026
-15% попуст за резервации и целосни уплати до 31.03.2026
-10 попуст за резервации и целосни уплати до 30.04.2026
Вила Мариа е лоцирана во Ксамил се наоѓа на 300м од плажа, до плажа има 7мин пешачење, располага со двор, простор за паркинг и двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија.
Собите се лоцирани на приземје, прв и втор кат. Сите соби располагаат со сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со основен прибор за готвење, фрижидер, тв, балкон, комарници. Двокреветните се составени со еден брачен кревет – спална, трокреветните со брачен кревет и еден единечен, четворокреветните се сите со еден брачен кревет и кревети нa спрат.
*Тргнувањето со автобускиот превоз е ден претходно (секој петок)
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Наем на студио за 7 ноќевања/8 дена
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА АЛБАНИЈА:
- Скопје (Дрводекор) - 50€
- Велес (кружен тек кај Коструницата – трансфер до Скопје) - 60€
- Куманово (Бензинска пупма Макпетрол - Трансфер до Скопје) – 60€
- Тетово (попатно) - 50€
- Гостивар (попатно - Бунар Петрол) - 50€
- Кичево (попатно – бензинска пумпа Power Petrol) - 50€
- Охрид (поаѓање од Подмоље – БесјаниПетрол) - 50€
- Струга (кружен тек – кај Нептун) - 50€
- За деца (02-11.99 год.) се одбива 10€ од цената за возрасен
- За билет во еден правец се одбива 15€
- Поаѓање од Скопје (ден претходно од термините во табелата) секој петок во 22:00h, враќање од Ксамил и Саранда секоја сабота во 10:00 – 11:00 часот.
ОПШТИ НАПОМЕНИ:
- За резервација на редовните цени задолжително е уплата на аванс 30% од вкупниот износ, а остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Цените се дадени во евра за наем на студио, а плаќањето е во денари (1 евро = 62 денари)
- Уплатата може да ја извршите директно во агенција, онлајн преку веб страната или на жиро сметка
- Користењето на собите започнува првиот ден од 14:00 часот, а се напуштаат последниот ден во 09:00 ч. (багажот се остава на рецепција)
- За уплатени 2 аранжмани (7+7 ноќевања) одобруваме 7% попуст на двата аранжмани
- Попустите не се комбинираат
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител
- За хигиената на собите се грижат самите гости
- Сите настанати штети за време на престојот се на терет на патникот
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со Северна Македонија или лична карта
- Се патува преку граничен премин Ќафасан
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направени и потврдени резервации нема да подлежат на било каква промена на цената
ИД