Вила Alberti
📍Албанија , Шенѓин





Gallery
Шенѓин, беше омилена дестинација за туристите од Македонија за лето 2024 и лето 2025. Станува збор за туристичко место во Албанија на Јадранско море. Одалечено на 310 километри од Скопје, со широка песочна плажа долга 5 километри и за да ја прошетате цела ви е потребно околу час и половина. Шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани. Цените на лежалките не се високи, почнувајќи од 5 евра за двајца (во зависност од месецот). Шенѓин е совршено место за фамилијарен одмор.
Вила АЛБЕРТИ се наоѓа на сама плажа и е во непосредна близина на центарот. Располага со студиjа за 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети на прв и втор кат без лифт. Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет , балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна, решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери. Вилата нема пешкири. Во вилата има WIFI, но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- 7 ноќевања/ 8 дена со вклучен превоз
- WIFI интернет
- Клима уред
- Паркинг (ограничени места)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз за трето и 4то лице ( 50е за возрасни, деца од 2 - 12 год 30евра, деца до 2 год. бесплатно). Цените се за повратен билет.
- Туристичка такса 0,5 центи од ноќ по соба - се плаќа во агенција.
- Пешкири
- Патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За патување со сопствен превоз од редовните цени намалува 10 евра (620мкд) по лице. Од промо цените не се намалува ништо.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12. Превозот дали ќе биде со автобус или комбе зависи од бројот на патници. СТ